Јапонија ќе ги следи кинеските воени комуникации

Од:

Јапонија планира да распореди на јужниот остров Ио нова база за електронското разузнавање, што ќе пресретнува сигнали и разговори на кинеската военопоморска флота и авијација.

Според јапонското Министерство за одбрана, проектот треба да биде завршен во 2017 година. Разработувањето и изградбата на базата ќе чини 12 милијарди јени (околу 122 милиони долари).

Целта на базата е да се зголеми безбедноста во јапонските територијални води и воздушниот простор над Источното Кинеско Море, што е актуелно прашање, имајќи ги предвид затегнатите односи меѓу Токио и Пекинг заради островите Сенкаку.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он