Известувач на ОН: САД го наруши суверенитетот на Пакистан

Од:

САД го нарушија суверенитетот на Пакистан изведувајќи напади над беспилотните летала во рамките на своите противтерористички операции во близина на границата на државата со Авганистан, соопшти вчера известувачот за човекови права на ОН, Бен Емерсон.

Емерсон претстојуваше во Пакистан три дена оваа недела за да го утврди влијанието од користењето на беспилотните летала над цивилите.

-Според меѓународното право, американските удари со беспилотните летала се изведуваат без согласност на избраните претставници на народот или легитимните органи на управата – наведува Емерсон во соопштението објавено во канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права.

Според него со овие напади се крши суверенитетот на Пакистан, бидејќи се применува сила, на територија на друга држава без нејзина согласност.

Тој во јануари изјави дека ќе истражи 25 напади со беспилотни летала во Пакистан, Јемен, Сомалија и Авганистан. Се очекува Емерсон во октомври да поднесе конечен извештај во Генералното собрание на ОН.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Викторија Нуланд не сакаше да го коментира соопштението, повикувајќи се на чувствителноста на темата и доверливоста на инфорнациите.

Од Белата куќа изјавија дека официјален став ќе преземат кога Емерсон ќе го објави комплетниот извештај.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски