Израел во очекување на ирански напад: Одобрени планови за борба на повеќе фронтови

Од:

Началникот на Генералштабот на израелската армија (ИДФ) генерал Херзи Халеви одржа состанок на кој беа одобрени борбените планови за различните фронтови.

Според соопштението на ИДФ, Израел се подготвува за напад од Иран и либанскиот Хезболах, а според проценките на одредени официјални лица тоа би можело да се случи во следните 24 часа.

„Началникот на Генералштабот го истакна продолжувањето на напорите на висока подготвеност и проценка за напад и одбрана“, соопшти армијата.

На средбата присуствуваа и заменикот на Халеви, шефовите на разузнавачко-оперативните администрации, шефот на северната команда на Армијата, првиот човек на воздухопловните сили и други високи офицери.

Министерот за одбрана Јоав Галант изјави претходно во понеделникот дека Израел ја зајакнува својата одбрана во последните денови во очекување на напад од Иран и Хезболах, како и подготвува потенцијални одмазднички напади или превентивни дејства доколку е потребно.

„Заканите од Техеран и Бејрут можат да се остварат и важно е на сите да им се објасни дека подготвеноста и будноста не се синоним за страв и паника“, рече Галант.

Според регионалниот дописник на Фокс, Треј Јингст, регионални извори рекоа дека се загрижени дека Иран и неговите полномошници (Хезболах, Хути, Хамас и ирачките сојузници) би можеле да извршат напад врз Израел во следните 24 часа.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници