Израел ја подигна борбената готовност на војската поради можноста Трамп да го нападне Иран пред да си оди

Од:

Израелските одбранбени сили во изминатите недели добиле инструкции да се подготват за можноста САД да извршат воен напад врз Иран пред претседателот Доналд Трамп да ја напушти функцијата, тврдат високи претставници на власта во Тел Авив.

Израелската Влада ѝ наложила на армијата да ги преземе подготовките не поради какви било информации или проценки дека Трамп ќе нареди таков напад, туку затоа што високи израелски официјални лица предвидуваат „многу чувствителен период“ пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден на 20 јануари.

Мерките за подготвеност на армијата се однесуваат на можна иранска одмазда против Израел директно или преку ирански „полномошници“ во Сирија, во Појасот Газа и во Либан, соопштија израелските власти.

Минатата недела, „Њујорк тајмс“ објави дека Трамп на состанок со високи членови на неговиот тим за национална безбедност ја истакнал можноста за напад врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанц. Трамп ја покрена идејата откако беше информиран за извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија дека Иран ги зголемил резервите на збогатен ураниум, додека потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео предупредија на ризиците од регионална ескалација.

Весникот истакна дека Трамп бил убеден дека ќе биде премногу ризично директенн напад врз Иран, но разгледа и други опции.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД