Израел и Хамас постигнаа договор за ставање крај на конфликтот во Газа

Од:

Палестинските милитантни групи и израелските власти се согласија да стават крај на повеќенеделната ескалација на конфликтот на границата меѓу Израел и Појасот Газа, соопшти исламистичката група Хамас.

Според договорот постигнат со помош на катарски претставник, групата Хамас, која владее во Појасот Газа, ќе престане да испраќа запаливи балони на територијата на Израел, додека израелските власти ќе престанат со воздушните напади, потврди палестински претставник запознат со преговорите.

КОГАТ, телото на израелското Министерство за одбрана надлежно за палестинските цивилни прашања, потврди дека, по консултациите предводени од министерот за одбрана Бени Ганц, било решено повторно отворање на главниот премин за стока во Појасот Газа и оти на рибарите повторно ќе им биде дозволено да работат, на до 15 наутички милји.

КОГАТ во соопштението наведува дека овие одлуки се донесени како дел од продолжувањето на работата за постигнување мир и стабилност, но предупреди дека доколку Хамас го прекрши договорот, Израел соодветно ќе одговори.

Хамас соопшти дека договорот ќе го олесни спроведувањето на проектите „кои ќе им служат на луѓето во Газа и ќе ги ублажат страдањата во екот на епидемијата на коронавирусот“.

Палестинците и хуманитарните групи повикаа на ублажување на блокадата на појасот Газа, стравувајќи од влошување на состојбата по појавата на коронавирусот минатата недела.

Израел наведува дека ограничувањата се неопходни од безбедносни причини, поради групата Хамас, која ја смета за терористичка организација.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња