Излезни анкети: Партијата „Ново единство“ на летонскиот премиер води на изборите

Од:

Десничарската партија „Ново единство“ на летонскиот премиер Кришјанис Каринш е веројатниот победник на денешните парламентарни избори, покажуваат излезните анкети.

Фактот дека изборите во Летонија се одржаа во сенка на руската инвазија врз Украина, му помогна на Каринш, кој ги поддржува ЕУ и НАТО, во неговата веројатно нова победа.

Доколку бидат потврдени овие резултати, тоа треба да значи дека Летонија, заедно со балтичките соседи Литванија и Естонија, останува водечкиот глас во барањето на Европската унија да заземе цврст став против Русија.

Но, тоа би можело да го прошири јазот меѓу летонското мнозинство во земјата и рускојазичното малцинство околу нивното место во општеството, во услови на широко распространет национален гнев поради акциите на Москва во Украина.

Главното прашање на изборите во оваа земја со 1,8 милиони жители беше војната во Украина, растот на трошоците за живот и желбата за енергетска независност од Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија и испрати предупредување на Летонија пред тужба за дискриминација на Русите

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Летонија го доби првиот геј претседател

Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели