Излегувањето на Велика Британија од ЕУ е лошо за британскиот бизнис, сметаат бизнисмените

Од:

Истапувањето на Велика Британија од Европската Унија е лошо за домашниот бизнис, оценуваат британските бизнисмени во анкетата што ја спроведе лондонската агенција Југав.

Раководителите на дури осум од десет британски компании сметаат дека евентуалното напуштање на ЕУ би бил погрешно и штетно за за вкупната економија на Велика Британија.

Истражувањето на Југав е направено во 415 британски фирми и дури 78 отсто од нив проценуваат дека останувањето на Велика Британија во ЕУ е многу подобро, отколку заминувањето од Унијата.

Велика Британија е 40 години членка на ЕУ, но на почетокот од оваа година, премиерот Дејвид Камерон најави дека ќе бара нови преговори со Брисел околу идните британски врски со Унијата, како и дека ќе организира референдум за излегување на земјата од ЕУ до крајот на 2017 година, доколку неговата Конзервативна партија победи на следните парламентарните избори.

Во една поранешна анкета, направена меѓу британските граѓани, 43 отсто од нив вели дека би гласале за напуштање на Унијата на евентуален референдум, додека 39 отсто би се определиле за останување во ЕУ, но повеќе од две третини од британските компании сметаат дека заминувањето на Велика Британија од Унијата ќе и нанесе штета на економијата на земјата.

Само три отсто од британските бизнисмени верува дека на земјата ќе и биде подобро долколку повеќе не биде членка на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он