Избегната нова трагедија на авион на „Малезија ерлајнс“

Од:

Компанијата „Малезија ерлајнс“ повторно се најде во интерес на јавноста по двете трагедии, во кои еден нејзин авион исчезна, а вториот се урна, откако вчера авион на оваа компанија во последен момент избегнал судир со друг авион на пистата во Аделаида.

Малезискиот авион, кој требал да полета од Аделаида кон Куала Лумпур, бил принуден да застане при самото полетување откако на пистата му бил попречен патот од авион на австралиската компанија „Тајгер Ер“, кој на враќање од Мелбурн се обидел да слета во исто време.

Во соопштението на австралиската служба за авијација се наведува дека авионите „за малку ќе се судреле“, не наведувајќи дали безбедноста на патниците или авионот била загрозена.

„Малезија ерлајнс“ не го коментирала инцидентот, а безбедносните служби соопштиле дека нема да го истражуваат случајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски