Италијанското МНР ја потврди смртта на италијанскиот новинар кај Славјанск

Од:

 Италијанскиот новинар Андреа Рокели бил убиен вчера во минофрлачки напад во близина на украинскиот град Славјанск, бастион на проруските сепаратисти, соопшти италијанското МНР.

– За жал сите податоци со кои располагаме, покажуваат дека тој починал. Очекуваме само втора потврда, препознавање на телото, изјави портпарол на Министерството.

Повикувајќи се на повредениот француски фоторепортер Вилијам Рогелон, дел од западните медиуми објавија синоќа дека ранети во нападот биле и италијански репортер и еден преведувач. Се уште не се знае дали се живи.

Според Рогелон, тројцата пристигнале на линијата на фронтот јужно од Славјанск и сакале да излезат од возилото, кога западнале под минофрлачки напад.

Би можело да ве интересира

Драма во Палермо: Tатко ги избодел сопругата и двете деца, а потоа се забарикадирал во куќата

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти