Драма во Палермо: Tатко ги избодел сопругата и двете деца, а потоа се забарикадирал во куќата

Од:

Во Канчана, Сицилија, во четвртокот татко ги избодел сопругата и двете деца, а потоа се забарикадирал во куќата. Децата се пренесени со хеликоптер во болница во Палермо и се во тешка состојба.

Даниел Алба (35), по професија механичар, вчера во куќата ги избодел сопругата, ќерката Сара (3) и синот Кристијан (7), а потоа се заклучил.

Карабинерите веднаш пристигнале на местото на настанот, а со помош на преговарачите успеале да го убедат да излезе, пренесуваат италијанските медиуми.

Состојбата на повредените деца е многу сериозна. Со хеликоптер биле пренесени во детската болница во Палермо. Момчето било подложено на многу деликатна хируршка операција. И малата сестра која е интубиирана и има крвавење на мозокот е во тешка состојба.

Анета, сопругата на осомничениот, која има полско потекло, била пренесена во болница каде и била итна операција. Нејзината состојба е сериозна, но нејзиниот живот не е загрозен.

Би можело да ве интересира

Во верижна сообраќајка во Италија, едно лице загина, 17 се повредени

Горан Наумовски

Земјотрес во Кампанија, потресот предизвика паника во Неапол

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент