Италијански ресторан ја понесе титулата најдобар во светот

Од:

Ресторанот „Остериа Франческана“ од Модена во Италија е прогласен на свечената церемонија во Њујорк за најдобар во Европа и во светот оваа година.

Овој престижен ресторан две години го заземаше високото второ место, а одлуката за водечката позиција едногласно е донесена од над илјада кулинарски експерти од целиот свет.

Станува збор за ресторан во Модена и според зборовите на експертите тој е вистинско засолниште за кулинарската креативност, вештина, страст и одлучност.

Ресторанот во 2015 година прослави 20 години од отворањето.

Второто место на овој престижен избор му припадна на расторанот „Ел Келер де Кан Роса“ во Шпанија, а потоа следат „Илевн Медисон Парк“ од Њујорк, „Централ“ од Перу и познатата данска „Нома“ кој е рангиран на високо петто место.  

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ