Италијански лекари отстранија тумор од трахеја на пациент со Ковид-19

Од:

Лекарите од одделот за реанимација во болницата во Торино извршиле досега неизведена операција на пациент заразен со коронавирус.

Млад човек, заразен со Ковид-19, побарал итна помош поради акутна респираторна слабост, пренесува весникот „Ла Стампа“. Поради неговата сериозна состојба, тој веднаш бил испратен во болницата „Џовани Боско“ во Торино. Лекарите решиле итно да го интубираат, но со медицинските тестови откриле дека човекот имал околу 2 см тумор на душникот, што всушност му го блокирало дишењето.

Пациентот итно бил пренесен во друга болница, каде што лекарскиот тим извршил бронхоскопија и го отстранил туморот. Весникот потенцира дека ваква операција на пациент со коронавирус се прави по прв пат, која била дополнително компликувана заради неопходноста да се спречи ширењето на инфекцијата. Операцијата беше успешна.

Во Италија досега се заболени над 105.000 заразени, од кои 15 илјади се излекувани, а 12.428 починаа. Според италијанскиот Институт за здравство со коронавирус се заразени 8.358 медицински работници, од кои 63 починаа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим