Италијанската министерка за надворешни работи Могерини утре во посета на Македонија

Од:

Министерката за надворешни работи на Италијанската Република, Федерика Могерини, утре ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија.

Покрај средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, министерката Могерини ќе оствари средби и со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со претседателот на Владата, Никола Груевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

Централно место во разговорите, како што се наведува, се очекува да биде процесот на проширување на Европската унија како еден од главните приоритети на тековното италијанско претседателство, во контекст на поддршката на Италијанската Република за почеток на преговорите на Република Македонија со ЕУ.

Покрај политичките релации меѓу двете земји, на средбите ќе бидат опфатени можностите за продлабочување на економските односи, како и билатералната соработка во останатите сегменти на општественото живеење.

За време на посетата предвидено е и потпишување на билатералниот договор меѓу Република Македонија и Република Италија за социјална сигурност.

Би можело да ве интересира

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ