Италија на 31 март ќе ја укине вонредната состојба воведена поради Ковид-19

Од:

Италијанската Влада на 31 март ќе ја укине вонредната состо јба воведена поради коронавирусот, изјави денеска италијанскиот премиер Марио Драги.

Тој вети постепено враќање на „нормалниот живот“ по повеќе од две години здравствена криза.

– Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата со пандемијата, подготвени сме да интервенираме во случај на скок на бројот на случаи. Но, нашата цел е целосно да се отвориме, што е можно поскоро, рече Драги во говор во Фиренца.

Вонредната состојба во Италија првпат беше воведена на 31 јануари 2020 година, а оттогаш е продолжувана неколку пати.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов