Источна Украина „терен за тестирање“ на новото руско оружје

Од:

Источна Украина, каде се водат борби меѓу украинската армија и проруските сепаратисти, претставува „терен за тестирање“ на новото руско оружје, тврди Кир Џилс од Центарот за истражување на воени конфликти во Оксфорд.

Џилс смета дека во изминатите седум години, од последната интервенција на руската армија во Грузија, руските воени стратези и водството на армијата извршиле темелна модеранизација и нова обука на припадниците на армиските сили за да се приближат или сосема да се изедначат со стандардите на западните армии.

Според овој воен експерт, во 2008 година, кога Русија навлезе во Јужна Осетија на грузиската територија, победата врз војската на Грузија изгледаше лесна и брза, но руските генерали биле загрижени за тоа колку лошо се однесувале нивните трупи во некои клучни сектори на модерното војување.

Од тогаш е покрената операција за надминување на слабостите и за модернизирање на армијата со користењето на електронската воена техника и опрема.

– Резултатот на таа операција се гледа низ дејствувањето на проруските бунтовници во Источна Украина, кои досега успеваа лесно да стекнат предност на теренот, вели Џилс.

Тој смета дека клучен фактор за нивната доминација врз украинската војска, која дејствува застарено и со стара воена техника и опрема, е употребата на дроновите за надгледување на фронтот и особено користењето на елекрониката.

На теренот во Донецк и Луганск сепаратиситие ги користат противвоздушните одбранбениракетни системи „Град“ и „Стрела 10“, но овој британски експерт тврди дека тие имаат и ракети од типот „Бук“ за одбрана на поголеми височини. Посоти сомнеж дека овој ракетен систем бил користен за соборување на малезискиот патнички авион.

Но, предноста на сепаратистите им ја овозможува и бројната воена електронска техника, што ја имаат добиено од Русите, за откривање на непријателот, негово позиционирање или за одбрана од арилериските напади на кои се често изложени.

Тврдењето на британскиот воен експерт доаѓа во време кога Киев бара од Западот оружје и воена опрема за војната во Источна Украина, а САД веќе најавија дека се подготвуваат за нејзино испраќање.

Главните западни сојузници на САД во Европа меѓутоа сооштија дека нема да учествуваат во дополното вооружување на украинската војска.

Москва го предупреди Вашингтон дека давањето оружје на Киев ќе предизвика „колосална штета“ врз руско-американските односи.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина