Исламска држава објави фотографии од егзекутирани лица

Од:

Организацијата Исламска држава вчера објави фотографии од убиство на 13 лица во близина на северниот ирачки град Тикрит.

На три фотографии, кои што се поставени на џихадистичките форуми и социјалните мрежи кои се наколонети на ИСИС, се гледа убиство на тринаесет лица, кои на себе имаат портокалови униформи, пренесе „Франс прес“.

Француската агенција повикувајќи се на информации од локалното население информира дека егзекуцијата се случила околу 15:30 часот по локално време на обиколница на шест километри источно од Тикрит.

Според наводите жртвите се припадници на сунитските племенски борци, познати како Витези на Ал Алама, кои џихадистите ги заробиле во Тикрит и Ал Алама пред десетина дена.

Инаку градот Тикрит е под контрола на ИСИС уште од почеток на големата офанзива на џихадистите во Ирак пред шест месеци.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад