Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Од:

Групата Исламска држава (ИД), поразена во Ирак и Сирија, денеска ја објави смртта на нејзиниот водач Абу Хасан ал Хашими ал Кураши, прецизирајќи дека тој бил убиен „додека се борел против непријателите на Бог“.

Во аудио порака, портпаролот на џихадистичката група Абу Омар ал-Мухаџир објави дека е назначен нов „калиф на муслиманите“, Абу Ал-Хусеин ал-Хусеини ал Кураши.

Портпаролот во својата порака не посочи како умрел водачот на групата, кој е Ирачанец.

По подемот во 2014 година во Ирак и Сирија, и освојувањето големи територии, ИД доживеа соборување на својот самопрогласен „калифат“ под влијание на последователните офанзиви во тие две земји, во 2017 и 2019 година.

Оттогаш, организацијата беше дестабилизирана неколку пати со убиство или апсење на нејзините водачи.

Првиот водач на ИД, Абу Бакр ал Багдади ал Кураши, беше убиен во американски напад во Сирија во 2019 година, а неговиот наследник беше елиминиран во февруари во операција на американските специјални сили во северозападниот дел на таа земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени се тројца нашинци кои војувале за ИСИС во Сирија

Горан Наумовски

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Објавена листа со 15 македонски државјани кои се бореле за ИСИС во Сирија

Катерина Павлова-Николовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска