Околу 3.000 луѓе се собраа денеска во центарот на Тунис, извикувајќи исламистички и антифранцуски пароли, само еден ден откако погребот на убиениот опозиционер предизвика масовни протести против владејачката исламистичка партија Енада.
„Франција, надвор!“, „Тунис никогаш повеќе нема да биде француска колонија“ и „Народот сака да го заштити легитимитетот“ се само некои од паролите кои ги извикуваа приврзаниците на партијата Енада.
Оваа партија ги повика своите приврзаници на денешниот протест за да го „заштити легитимитетот на Парламентот“, каде Енада има мнозинство, и за да борат „преотив политичкото насилство и мешањето на Франција“.
Антифранцуските слогани се појавија како одговор на коментарите на францускиот министер за внатрешни работи Маниел Валс, кој осуди „исламистичкиот фашизам“ по убиството на Шокри Белаид, критичар на исламистите кој е погребан вчера.
Опозицијата за ова убиство ја обвини Енада, што категорично беше отфрлено од оваа партија.