ИСИС со ултиматум до христијаните: Изберете една од трите опции

Од:

Самопрогласената Исламска држава издаде ултиматум за христијаните на територијата што ја конторлираат, со можност да изберат една од трите опции: да прејдат во ислам и да потпишат договор за однесување или веднаш да се иселат.

Според сириските извори, исламистите поставиле ултиматум христијаните и да плаќаат данок за немуслимани.

„Договорот за безбедност“ кој го составил лидерот на ИСИС Абу Бакр ал-Багдади содржи заповеди до кои сите христијани треба да се придржуваат.

Забрането е: изградба на цркви, покажување христијански симболи пред муслиманите како и христијански молитви.

Сигурносниот договор се состои од 11 конкретни барања, кои мора да ги почитуваат сите христијани кои ќе останат во местата под контрола на ИСИС.

Со него се забранува и поседување оружје, трговија со свинско месо и вино, како и „прикривање на шиони“.

Исламистите прикажаа серии од фотографии на кои се прикажани христијани кои одлучиле да потпишат договор и да платат данок за немуслимани.

Џихадистите ветија дека ќе го заштитат имот на христијаните, кои нема да мора да преминат во ислам и ќе останат безбедни, а тие што не ги исполнуваат условите ќе бидат третирани како непријателски борци.

Според локални извори, Исламска држава им ги одзела личните документи на храстијаните. Ал Каријатајин има околу 40.000 жители вклучувајќи ги сунитските муслимани и христијаните. Градот е од стратешко значење за џихадистите со оглед дека ја поврзува Палмира со подрачјето на Каламун.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад