ИСИС објави водич за џихадистите

Од:

На интернет кружат брошури за идните борци на ИСИС, кои изгледаат како препораки за авантуристичко патување, предупредува виенскиот весник „Пресе“, пренесувајќи дека помеѓу останатото на странците им се препорачува да понесат и адаптер кој е во функција.

Штитници за колена, како и вреќите за спиење се дел од она што идите борци треба да го понесат на патувањето во Сирија.

Според информациите на израелскиот Центар за борба против тероризам и информации, брошурата за прв пат се појавила во февруари, а обидите на западните власти да го спречат пристапот на екстермистичкиот водич не вродија со плод, пренсе „Пресе“.

На приврзаниците на ИСИС кои сакаат да се приклучат во борбите им се советува во тек на патувањето да носат полесна облека со цел да не привлекуваат внимание.

Во посебниот дел од водичот кој што е наменет за жените се истакнува дека треба да избегнуваат патување во големи групи и со себе да носат резервна шамија, која би можеле да ја користат во случај на границата да им се искине облеката поради бодликавата жица.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад