ИСИС го продава телото на Џејмс Фоли за милион долари

Од:

Џихадистите од ИСИС го ставиле на продажба телото на Американецот, Џејмс Фоли, кој беше убиен во август и како прва цена одредиле милион долари.

„Вашингтон тајмс“ пишува дека тие не успеаа да добијат откупнина за Фоли додека беше жив, бидејќи САД одбиваат да плаќаат уцени за своите државјани, па сега се обидуваат да заработат на неговите посмртни остатоци.

Потенцијалниот купувач го уверуваат дека со анализа на ДНК во Турција ќе можат да се уверат дека тоа навистина е телото на Фоли.

-Бараат милион долари и ќе испратат анализа на ДНК во Турција, но прво сакаат да ги видат парите. Нема да испратат примероци за ДНК додека не им бидат исплатени парите- рече за „Баз Фид њуз“ човек кој се претставил како поранешен сириски бунтовник поврзан со лидерите на ИСИС.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад