Ирска понудила помош за Индија, ЕУ се координира

Од:

Европската комисија соопшти дека земјите членки на Механизмот за цивилна заштита се координираат за да и помогнат на Индија каде ситуацијата со Ковид-19 нагло се влоши и недостигна кислород во болниците, јави дописничката на МИА од Брисел.

Портпаролите на Европската комисија потврдија дека Механизмот за цивилна заштита се координира да и помогне на Индија. Овој механизам има за цел да им помага на земјите низ светот во случаи на природни катастрофи и други вонредни состојби.

Во овој механизам членуваат земјите членки на ЕУ како и трети земји вон ЕУ, меѓу нив е и Северна Македонија.

Засега е познато дека Ирска понудила веќе значајна количина кислород за Индија, и дека Франција и Германија изразиле интерес да помогнат исто така.

Европската Комисија е во контакт со земјите членки на Механизмот за да се координира помошта и се очекува во наредните часови или денови да се објави точно како и кога ќе им се помогне на индиските власти во справувањето со новите мутации на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач