Иранскиот претседател изрази подготвеност за соработка со Бајден

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека е подготвен да соработува со новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

– Нашата цел е да го отстраниме товарот на американските санкции од рамениците на иранскиот народ … таа цел е во согласност со националните интереси, рече Рохани во говор емитуван на државната телевизија.

Тој додаде дека Иран е подготвен за преговори со САД, под услов Бајден да се врати на нуклеарниот договор од 2015 година и да ги укине санкциите воведени од претседателот Доналд Трамп.

– Треба да сториме сè за да ги вратиме нашата земја и луѓето во времето меѓу 2016 и 2017 година, по нуклеарниот договор и укинувањето на санкциите кога Иран доживуваше економски раст, рече Рохани.

Тој исто така ги повика своите противници да не се мешаат во овие цели. Иранските тврдокорници се противат на прозападната политика и нуклеарниот договор на Рохани и навиваа за победата на Трамп, потсетуваат светските агенции.

Трамп во 2018 година ги повлече САД од нуклеарниот договор кој требаше да ја ограничи нуклеарната програма на Иран и да го спречи Техеран да создаде атомски бомби, во замена за укинување на меѓународните санкции.

Тој исто така, воведе нови санкции за Иран, туркајќи ја земјата во најтешката економска криза во историјата, која дополнително ја влоши и пандемија на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува