Иран: Класифицирањето на Хезболах како терористичка група е навредливо за Либан

Од:

Иран предупреди дека одлуката на арапските монархии од Персискиот Залив да го класифицираат либанското шиитско движење како терористичка организација претставува закана за стабилноста на Либан.

– Оние кои го означуваат Хезболах како терористички и наштетуваат намерно или ненамерно на безбедноста и стабилноста на Либан, изјави иранскиот заменик-министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, чија држава е сојузник на либанското движење.

– Ние се гордееме со движењето Хезболах, кое е во првите редови против ционистичкиот режим и поборник на борбата против тероризмот во регионот, додаде Абдолахиан.

Советот за соработка во Персискиот Залив, составен од арапските сунитски монархии, Саудиска Арабија, Катар, Бахреин, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Оман, вчера го класифицираа Хезболах како терористичка организација.

– Хезболах е важен учесник во Владата на Либан и го поддржува режимот на Башар ал Асад во Сирија.

Сунитските монархии го обвинуваат Хезболах, дека претставува мост од шиитски Иран за мешање во внатрешните работи на арапските земји. Тие го обвинуваат Иран дека врбува млади луѓе во регионот за извршување на терористички напади и оти се обидува да ги дестабилизира.

Одлуката беше донесена, откако во вторникот лидерот на Хезболах Хасан Насрала ја обвини Саудиска Арабија дека работи за предизвикување на немирите меѓу сунитите и шиитите.

Хезболах (Партијата на Бога) е формирана од иранската Револуционерна гарда во ’80-те години по израелската инвазија на Либан. Движењето е финансирано од Техеран и е единствената либанска партија, која не се разоружа по завршувањето на граѓанската војска (1975-1990).

Во Сирија Хезболах се бори на страната на режимот на Асад, а Саудиска Арабија ги поддржува сириските бунтовници.

Би можело да ве интересира

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран