Иран и Саудиска Арабија ги продолжија преговорите во Ирак по неколкумесечна пауза

Од:

Иран ги продолжи разговорите со регионалниот ривал Саудиска Арабија, неколку месеци откако беа прекинати тајните разговори со посредство на Ирак, објавија иранските државни медиуми.

Во петтата рунда преговори во Багдад учествуваа безбедносни претставници од двете страни, како и претставници на Ирак и Оман.

Четвртата рунда преговори се одржа во септември.

Иранскиот медиум „Нурњуз“ објави дека вчерашните разговори започнале во позитивна атмосфера, што ги зголеми надежите дека ќе бидат преземени чекори за обновување на односите меѓу двете земји.

Иран, најголемата шиитска муслиманска земја во светот, и Саудиска Арабија, чии жители се сунити, ги прекинаа дипломатските односи во 2016 година, откако Саудиска Арабија го погуби истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал-Нимр.

Преговорите меѓу тие регионални непријатели, насочени кон смирување на долготрајните тензии со посредство на Багдад, започнаа тивко во ирачкиот главен град минатата година.

Техеран во март објави дека привремено ги прекинува преговорите откако Саудиска Арабија погуби 81 осуденик.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он

Нов стратешки договор меѓу Русија и Иран, договорено е да ги „здружат силите“