(ВИДЕО) Иран објави снимка од подземен ракетен град

Од:

Иранските државни медиуми објавија снимка на која се гледаат двајца високи ирански воени претставници како обиколуваат огромен подземен воен комплекс. Техеран го нарече „ракетен град“.

Во видеото, началникот на Генералштабот на вооружените сили, генерал Мохамад Хосеин Багери и командантот на воздухопловните сили на иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ), Амир Али Хаџизадех возат возила низ долгите тунели полни со проектили. Во позадина се слуша драматична музика.

Ова е трета ваква база што Иранците јавно ја открија за помалку од еден месец, сакајќи да ја нагласат својата воена моќ во услови на растечки тензии со САД и Израел.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека иранските сили се подготвени да спречат каков било надворешен напад. „Нашите непријатели добро знаат какви би биле последиците од каков било напад на нашата територија“, им рече тој на новинарите во понеделникот.

Арагчи, исто така, потврди дека Иран ги отфрла директните преговори со САД, но не ја исклучи можноста за индиректни разговори преку посредници.

Потсетиме дека во 2018 година, Трамп ги повлече САД од клучниот договор за иранската нуклеарна програма и повторно воведе осакатувачки санкции кон Техеран. Договорот, потпишан во 2015 година меѓу Техеран и западните сили, бара од Иран да ги ограничи своите нуклеарни амбиции во замена за укинување на санкциите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД истрелаа над 60 ракети „Патриот“ за одбрана од ирански напад во Јордан

Драма кај Оман: Проектили погодија два брода, еден се запали

Иран им нанесе голема штета на Американците во Бахреин: „Немавме каде да се закотвиме“

Ројтерс: Иран им нареди на Хутите да ја нападнат Саудиска Арабија

Горан Наумовски

Ескалација во Ормутскиот теснец: Експлозии во Сирик, Минаб и Кешм

Горан Наумовски

Иран ја таргетираше американската база во Јордан