Ирак продолжува да го поддржува дијалогот меѓу Саудиска Арабија и Иран

Од:

Вршителот на должност премиер на Ирак Мустафа Ал Кадими рече дека неговата земја ќе продолжи да помага во дијалогот и приближувањето на позициите на Саудиска Арабија и Иран.

– Ирак придонесе за саудиско-иранското зближување и неколкуте разговори што се одржаа беа успешни и плодни, имаше големо приближување на позициите, рече Aл Кадими.

Од сите арапски земји, Ирак има најсилни врски со Иран.

Aл Кадими денеска на регионалниот самит во саудиското пристаниште Џеда изјави дека Ирак ќе работи на повеќе прашања поврзани со регионалниот мир и безбедност, како и економската соработка на земјите од Блискиот Исток.

Меѓу предлозите на Ирак е и формирање на Банка за развој на Блискиот Исток.

Ал Кадими на маргините на самитот се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден. Ал Кадими рече дека Ирак и САД имаат „стратешки и пријателски односи“ и му се заблагодари на американскиот претседател за помошта во борбата против терористичките групи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Иран објави снимка од подземен ракетен град

Закана од Иран: Доколку непријателите згрешат, ќе ги испратиме во длабочините на пеколот

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори