Интерол спроведе операција за борба со незаконската трговија на оружје во повеќе балкански земји се наведува на интернет страницата на оваа организација.
Вкупно пет илјади соработници на Интерпол учествувале во специјалната операција спроведена во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и словенија при што се одземени 40 огнени оружја, шест килограми експлозив, 11 рачни гранати и 1,3 илјади паричиња муниција. Во оваа 48-часовна операција уапсени се 11 лица.
– Неодамнешните терористички напади во Европа и во светот за врме на кои повеќе се користеше огнено оружје отколку експлозиви покажа дека се неопходни поефикасни мерки за контрола, изјави Тим Морис, извршен директор во Интерпол.