Интерпол соопшти дека склучи договор со фармацевтската индустрија за борба против фалсификуваните лекови

Од:

Интерпол соопшти дека склучил договор со фармацевтската индустрија за борба со фалсификуваните лекарства, пренесе Би-Би-Си.

Според постигнатиот договор, 29 најголеми фармацевтски компании во светот во следните три години ќе дадат 4,5 милијарди евра за решавање на проблемот со фалсификуваните медикаменти.

За борба со оваа закана, која секој ден му се заканува здравјето и животот на милиони луѓе, неопходни се глобални напори, соопшти Интерпол.

Кога станува збор за фалсификување на лекарства всушност станува збор за разликата меѓу животот и смртта на пациентот, изјави за Би-Би-Си главниот извршен директор на француската фармацевтска компанија „Санофи“, Кристофер Фијбахер.

Според оценка на неговата компанија, околу 10 отсто од лекарствата, кои се продаваат во светот, се фалсификати, а во посиромашните земји овој процент е пет пати повисок. Парите ќе се искоритат за подобрување на можностите на Интерпол да се справи со производството на фалсификувани лекарства, посочува Би-Би-Си.

Парите ќе бидат давани за земји во кои недостасуваат доволно средства за откривање на таквиот криминал. Дел од парите ќе бидат искористени за појаснувачка кампања за опасноста од искористувањето на фалшливите лекарства, особено купените преку Интернет.

Посебно внимание ќе му биде одделено на откривањето и разбивањето на мрежи, кшто се занимаваат со продажба на фалшливи медикаменти. Според оценки на Светската здравствена организација, над 50 отсто од лекарствата, кои се купуваат преку Интернет, а физичката адреса на доставувачот останува сокриена, се фалсификувани.

Минатата година само во Пакистан биле регистрирани над сто смртни случаи по примање на фалсификувани лекарства, истакнува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Албански државјанин уапсен во Македонија, го барал Интерпол Париз

Интерпол активираше жолта потерница за Данка Илиќ

Катерина Ѓуровски

МВР уапси бегалец баран од Интерпол

Косовец уапсен во Македонија: Интерпол го барал за убиство во Еквадор

(ВИДЕО) Палевски бил уапсен додека се движел пешки по автопат, а најмил такси за да лажира дека оди за Истанбул

A1on