Интерпол: На светскиот пазар стотици тони фалсификувани лекови

Од:

Меѓународната полициска организација Интерпол повика денеска на меѓународната конференција во Даблин за меѓународна соработка во борбата против организираниот шверц на фалсификувани лекови, што е закана за здравјето на луѓето.

– Станува збор за стотици тони фалсификувани лекови, кои се појавуваат на пазарот во светот преку илегални или легални канали, изјави Алис Плансон, заменик-директор на организацијата, одговорна за фармацевтски криминал.

Во некои реони на Африка, Азија и Латинска Америка до 30 отсто од лековите се фалсификувани, според проценки на организацијата.

Една од најзначајните операции на Интерпол против фалсификуваните лекови беше извршена во мај во 11 држави. Таа доведе до заплена на 9,6 милиони тони фалсификувани лекови, до затворањето на 12.000 сајтови и 434 апсења.

– Во наредната операција во јуни беа запленети сто тони фалсификувани лекови, меѓу кои и лекови за маларија, додаде Плансон.

Извршниот директор Жан-Мишел Лубутен повика за проширување на законодавните мерки и создавање царински и полициски оддели за борба против фалсификуваните лекови, како и за илегалната трговија на лекови.

Околу 200 учесници, меѓу кои и претставници на ОН и на полициски служби од 50 земји, учествуваат на конференцијата во Даблин, која продолжува и утре.

Би можело да ве интересира

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Албански државјанин уапсен во Македонија, го барал Интерпол Париз

Интерпол активираше жолта потерница за Данка Илиќ

Катерина Ѓуровски

МВР уапси бегалец баран од Интерпол

Косовец уапсен во Македонија: Интерпол го барал за убиство во Еквадор

(ВИДЕО) Палевски бил уапсен додека се движел пешки по автопат, а најмил такси за да лажира дека оди за Истанбул

A1on