Интерпол: Испораката на храна како параван за транспорт на дрога

Од:

Членови на криминални групи користат услуги за испорака на храна како параван за превоз на дрога и други нелегални производи за време на кризата предизвикана од коронавирусот поради која земјите низ целиот свет воведоа рестриктивни мерки, соопшти Интерпол.

Меѓународната полициска организација соопшти дека примила извештаи од полициите во Ирска, Малезија, Шпанија и Велика Британија во кои се тврди дека возачите превезувале кокаин, марихуана, кетамин и екстази.

Претходно овој месец, шпанската национална полиција идентификуваше и уапси седум лица обучени како возачи на храна во Аликанте и Валенсија, соопшти Интерпол.

Тие, всушност, испорачувале кокаин и марихуана со велосипед, мотор и автомобил во ранци за достава.

Во Ирска полицијата откри осум килограми кокаин, како и пиштоли скриени во кутии за пица, соопшти Интерпол.

Би можело да ве интересира

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Албански државјанин уапсен во Македонија, го барал Интерпол Париз

Интерпол активираше жолта потерница за Данка Илиќ

Катерина Ѓуровски

МВР уапси бегалец баран од Интерпол

Косовец уапсен во Македонија: Интерпол го барал за убиство во Еквадор

(ВИДЕО) Палевски бил уапсен додека се движел пешки по автопат, а најмил такси за да лажира дека оди за Истанбул

A1on