Официјалниот сајт на националниот авиопревозник „Малезија ерлајнс“ беше цел на хакерски напад извршен од групација, која се претставува како „Официјален кибер калифат“.
На сајтот одредено време се гледаше прво снимката на еден од авионите Ербас А380 на авиокомпанијата, а потоа фотографија на гуштер во цилиндар и фрак, кои беа обајвени со текстот „Грешка 04, Авионот не е пронајден“ и „Хакиран од групата гуштер – Официјален кибер калифат“. Во броузерот на сајтот пишуваше „Исламска држава ќе победи“.
„Групата гуштер“ минатата година тврдеше дека стои зад кибер нападите врз онлајн мрежата на Плејстејшн на компанијата „Сони“ и на сајтот ЕксБокс на „Мајкрософт“.