Институт за војна: Путин има ново жртвено јагне

Од:

Во својата последна анализа на конфликтот во Украина, Институтот за проучување на војната (ISW) тврди дека конфликтот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин можеби го достигнал својот врв во позадината на битката кај Бахмут. Тие наведуваат дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на рускиот Генералштаб, генерал Валериј Герасимов, веројатно ќе ја искористат оваа прилика за намерно да ги „трошат“ силите на Вагнер во Бахмут за да го ослабат Пригожин и неговите амбиции за поголемо влијание во Кремљ.

ISW наведува дека Пригожин го преценил своето влијание и степенот до кој Путин се потпира на своите сили. Во анализата се додава дека Пригожин се обидел да го замени руското воено и политичко раководство со луѓе поврзани со групата Вагнер и дека неговите воено-политички амбиции го вознемириле Путин во октомври, кога неговиот режим беше најранлив. Путин конечно му дозволи на руското Министерство за одбрана да ја преземе контролата врз операциите во Бахмут во јануари, откако Вагнерците не успеаја да ја испорачаат ветената победа таму.

„На 5-6 март, Пригожин се пожали дека на Вагнер му треба дополнително засилување, а украинските воени претставници забележаа дека руските сили трпат сооднос седум спрема еден жртви во споредба со украинските сили. […] Руското воено раководство можеби дозволува Групата Вагнер да претрпи големи загуби во Бахмут за истовремено да го намали влијанието на Пригожин и да го заземе градот на сметка на трупите на Вагнер“, пишува ISW.

ISW тврди дека Путин и руското Министерство за одбрана би можеле да го искористат Пригожин како жртвено јагне и да го обвинат за неуспехот на „скапата операција“, односно големи загуби по кулминацијата на офанзивата на Бахмут. ISW на почетокот на февруари објави дека Путин се потпира на жртвени јарци за да ја преземе вината за руските воени неуспеси и непопуларните политики.

„Путин најверојатно ќе ги искористи големите загуби на Вагнер, извештаите за лош морал и воените злосторства за да го одвлече вниманието од еднакви или можеби полоши проблеми во руските вооружени сили. Путин веројатно сè уште не одлучил дали да го поштеди Пригожин и судбината на групата Вагнер веројатно зависи од способноста на Пригожин да го убеди Кремљ во неговата лојалност“, рече ISW.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски