Индија, Јордан и Бангладеш расно најнетолерантните земји во светот

Од:

Индија, Јордан и Бангладеш сe расно најнетолерантните земји во светот, пишуваат лондонските медиуми, повикувајќи се на истражувањето што го направиле група шведски научници.

Истражувањето, што било спроведено во преку 80 земји на сите континенти, покажува дека во Индија 43,5 отсто од луѓето изјавиле дека не сакаат за свои соседи да имаат припадници на некоја друга раса. Во Јордан тој процент е уште поголем и изнесува 51,4 отсто, додека во Бангладеш и во Хонг Конг, преку 70 отсто од месното население, не сакаат соседи од друга раса.

Ситуацијата во Европа е различна од еден дел на континентот, до друг. Во Франција, на пример, расно нетолерантни се 22,7 отсто од населението, додека во земјите на поранешниот Советски Сојуз, а пред се, во Белорусија и Летонија, процентот на расно нетолерантни кон своите соседи е многу поголем.

Луѓето во Велика Британија се во групата на најтолерантните, кога станува збор за тоа од која раса треба да биде нивниот сосед. Заедно со Британците, во оваа група спаѓаат и жителите на нивните поранешни колонии – САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Населението во Латинска Америка, исто така, е подготвено да прифати за свои соседи расно различни луѓе, забележуваат медиумите во Лондон, пренесувајќи делови од обемното истрашување на научниците од Шведска.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца