Индија и Пакистан во нови воени игри околу Кашмир

Од:

Во период од само две недели петмина војници и еден офицер загинаа на линијата за контрола во Кашмир, која всушност е линијата на поделба, по која оваа голема територија во подножјето на Хималаите е поделена меѓу Индија и Пакистан.

На шести август, пет индиски војници беа убиени кога се најдоа во заседа, а уште неколкумина други беа ранети. За овој инцидент Владата на Индија ги обвини Пакистан и неговите оружени сили.

Пакистанската Влада ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека нема ништо со убиството на индиските војници, но веќе на 21 август еден капетан на пакистанската армија беше убиен, додека еден војник беше тешко ранет во истиот пограничен реон.

Пакистан за овој инцидент ведаш ја обвини индиската војска, која брзо ги отфрли обвинувањата од другата страна на границата. Во Њу Делхи, каде убиството на војниците доби силен публицитет, а посебно во Шринагар, административниот центар на Кашмир, се закануваат со одмазда и со преземење на, како што велат, сите неопходни мерки за казнување на сторителите на убиството.

Новиот пакистански премиер Наваз Шариф не прифакајќи вина за инцидентот, сепак се изјасни против насилството во регионот и се заложи за обнова на прекинот на огнот на линијата за контрола, што е во сила од 2003 година.

Спорот и кавгата на соседите околу Кашмир трае повеке од 65 години,од времето по стекнувањето на независноста на Индија и Пакистан, по повлекувањето на британските колонијални власти.

 

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца