Судири помеѓу локалните жители и групи мигранти избиле синоќа во мароканскиот град Казабланка.
До инцидент дошло кога група локални жители протестирале против мигрантите, велејќи дека тие претставуваат терет за сиромашната локална заедница. Според мароканскиот поратал Хеспрес, мигрантите подметнале пожар во парк во близина на нивната населба, што го предизвикал судирот.
Мароко води политика на интегрирање на мигрантите кои доаѓаат од средна Африка, честопати во обид да се префрлат во некоја од европските држави. Неколку десетици илјади мигранти добиле дозвола за престој во Мароко од почетокот на мигрантската криза.