Новиот претседател на Алжир Абделмаџит Тебун денеска е свечено инаугуриран за нов шеф на државата.
Поранешниот премиер на Алжир, Абделмаџид Тебун е избран за претседател на земјата со 58 отсто гласови на изборите, кои ги бојкотираа демонстрантите. Тие ги отфрлија изборите бидејќи тврдат дека се организирани од политичката елита.
Во првото претседателско обраќање, Тебун ги пофали протестните движења, кои во април го симнаа од власт тогашниот претседател Абделазиз Бутефлика, и им се заблагодари на гласачите што ја вратија земјата на „вистинскиот пат“.
Тебун изјави дека ќе се бори против корупцијата, што е главен проблем во Алжир.