Илјадници протестираа во Будимпешта против данок за оданочување на Интернет сообраќајот

Од:

Над 10.000 лица излегоа синоќа на улиците на Будимпешта, протестирајќи против нацрт-законот за оданочување на Интернет сообраќајот со такса од 150 форинти (61 цент) на гигабајт пренесени податоци, јави ДПА.

Тоа беше најголема демонстрација врз десноцентристичката Влада на Виктор Орбан во последните две години.

Претставници на демонстрантите побараа нацрт-законот да биде повлечен и му дадоа на Орбан рок од 48 часа, ветувајќи нови протести утре, ако тоа не биде направено.

Предлогот, кој треба утре да биде разгледан од Парламентот, е единствен од ваков вид во Европа.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон