Илјадници происламисти демонстрираа во Тунис

Од:

Илјадници приврзеници на исламистичката партија „Ан Нахда“, која е на власт во земјата, денеска демонстрираа во центарот на туниската престолнина, за да го заштитат правото на ова движење да управува со земјата, која ја преживува својата најдлабока политичка криза по револуцијата од јануари 2011 година, соопштија француските медиуми.

-Народот ја сака Ан Нахда,скандираа демонстрантите на централниот булевар „Хабиб Бургиба“, каде пред две години избувна револуцијта.

Повод за нивниот протест е одлуката на премиерот Хамади Џебали, кој е втор човек во партијата „Ан Нахда“, да формира надпартиска влада. Тој од 6 февруари, кога беше убиен опозицискиот лидер Шокри Белаид, прави неуспешни обиди во тој правец.

Убиството на опозицискиот лидер ја фрли земјата во длабока политичка криза поради неспособноста на партиите да се договорат за новиот владин кабинет и да се откријат убијците на Белаид.

Откако вчера разговараше со главните политички партии, Џебали соопшти дека во понеделник ќе оддржи нови консултации, одложувајќи го на неопределено време составувањето на новата влада и продолжувајќи ја политичката криза.

Џебали имаше ветено дека денеска ќе го соопшти составот на новата влада.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен