Идниот месец почнува производството на руската вакцина во Белорусија

Од:

Белорусија ќе започне со производство на руската вакцина против коронавирус Спутник V во март, а месечниот обем на производство ќе достигне околу 500.000 дози, изјави денеска министерот за здравство Дмитриј Пиневич на состанокот на Министерството за здравство.

– Планираме да започнеме со производство на „Спутник V“, користејќи ги капацитетите на нашата фармацевтска индустрија. Планираме да произведуваме 500.000 дози месечно, истакна Пиневич, пренесе ТАСС.

Според него, Белорусија сега поминува низ вториот бран на пандемијата со тренд на опаѓање на стапката на инфекција во сите региони. – Најверојатно, третата фаза од зголемувањето ќе биде помалку интензивна, многу ќе зависи од увозот на нови варијанти и обемот на вакцинација, нагласи Пиневич.

Тој додаде дека во моментов има околу 25.000 вакцинирани во земјата и дека први вакцинирани се здравствените работници.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов