Џихадистичката група Исламска држава (ИД) објави видео запас во кој се појавува човек за кој се тврди дека е извршителот на нападот врз џамијата во Кувајт во петокот, при што загинаа 27 лица.
Во записот човекот чита стихови од Куранот и упатува критики на сметка на шиитите. Тој воедно ги предупредува шиитите да „очекуваат одмазада“ поради навреда на исламот.
Засега нема официјална потврда од друг извор дали лицето што се појавува на видеозаписот е навистина напаѓачот од Кувајт.
Кувајските власти од своја страна соопштија дека лицето на снимката е идентификувано како Фахд Сулејман Абдул-Мухсен ал Каба, кој по потекло е од Саудиска Арабија.