ИД постави мини и бомби во Палмира

Од:

Припадници на екстремистичката организација Исламска држава поставиле мини и бомби во древниот дел на централниот сириски град Палмира, во близина на остатоците од страогрчкиот и староримски период, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Според соопштението на сириската Опсерваторија засега не е јасно дали припадниците на ИД се подготвуваат да ги уништат древните градби или ги поставиле мините со цел да ги спречат владините сили да напредуваат кон градот.

Борците на ИД на 21 мај го ставија под своја контрола градот Палмира, а кратко потоа го затворија сите музеи во градот. ИД претходно уништи неколку древни локалитети од времето пред Исламот, сметајќи го тоа како војна против лажните идоли.

Палмира се наоѓа на листата на УНСЕКО на светско наследство и претставува вистинска оаза со урнатини од античко време.

Би можело да ве интересира

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск