(ВИДЕО) ИД: Ова е само почеток, ќе има нови напади во Франција

Од:

Исламска држава објави видео на кое и се закануваат на Франција со нов бран напади, најавувајќи нови експлозии и убиства во земјата.

Снимката се појави неколку часа по синхронизираните напади на терористите кои убија повеќе од 130 луѓе.

Тие упатија повик до муслиманите во Франција да тргнат во нови напади.

– Се додека продолжувате да ја бомбардирате Исламска држава, нема мирно да живеете. Ќе се плашите да одите и до пазар. Кажано ви е да се борите против неверниците каде и да се. Што чекате? Достапно ви е оружје, како и возило, метите се подготвени за удар. Достапен ви е и отров со кој можете да ги затруете водата и храната на најмалку еден непријател на Алах, наведе еден од милитантите на арапски јазик, опкружен од припадници на ИД.

Според првичните податои во серијата терористички напади во Париз, убиени се 130 луѓе, додека 99 се во мошне тешка состојба.

Осум напаѓачи наоружани со „калашњикови“ и појаси со експлозиви доцна синоќа извршија неколку истовремени напади на шест познати локации во Париз.

Мети беа концертната сала „Батаклан“ и рестораните околу фудбалскиот стадион во Париз, каде се играше пријателскиот натпревар помеѓу Германија и Франција.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

ВИДЕО: Драма во Париз – Лувр итно евакуиран

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

(ВИДЕО) Експлозија во Париз, петмина се повредени

Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна