ИД: Додека крстоносците водат војна во Украина, време е за акција

Од:

Исламска држава преку соопштение ги повика членовите да ги интензивираат нападите ширум светот, а посебно во Европа, каде фокусот во моментот е на војната во Украина.

Портпаролот на ИД, Абу Омар ал-Муџахир изјави дека припадниците на групата подготвуваат одмазда по смртта на поранешниот водач на Абу Ибрахим ал Кураиши, а одмаздата пред се значи интензивирање на нападите.

– Поддржувачите на ИД треба да ја искористат можноста кога крстоносците се борат меѓу себе во Украина и извршат напади во Европа, истакна ал Муџахир.

Тој се осврна и на актуелната ситуација во Израел и конфликтите меѓу припадниците на израелската армија и полиција и Палестинците.

– Ерусалим може да се ослободи од Евреите само со враќање на калифатот, а не со палестинското востание или со помош на оние кои имаат вредности што се менуваат во согласност со интересите на нивните западни господари, посочи ал Муџахир.

Тој ги повика сите муслимани во арапскиот свет да се спротивстават на лидерите кои имаат добри односи со Израел.

– Современите муслимански политичари кои се обидуваат да го ослободат Ерусалим не се ништо друго туку марионети во рацете на Израел и Западот, наведе ал Муџахир во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени се тројца нашинци кои војувале за ИСИС во Сирија

Горан Наумовски

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

Објавена листа со 15 македонски државјани кои се бореле за ИСИС во Сирија

Катерина Павлова-Николовска