И во Романија откриено коњско месо декларирано како говедско

Од:

Инспектори од Националната санитарно-ветеринарна агенција во Романија вчера открија пакети со коњско месо, етикетирано како говедско во складиште во округот Илфов, во близина на Букурешт, изјави шефот на агенцијата Михај Цуркану.

Станува збор за околу сто килограми месо, кое потекнува од магацин во централниот округ Алба. Според Цуркану, управителот на складот во Алба, признал дека ги фалсификувал етикетите.

Според агенцијата, грешно етикетираното месо било наменето за внатрешниот пазар, а не за извоз.

– Не може да се прави поврзаност меѓу тој изолиран случај во Илфов и ситуацијата во другите членки на ЕУ, истакнуваат претставници на агенцијата.

Според Цуркану, станува збор за „игра со документи меѓу две фирми“.

Властите ги заплениле компјутерите на фирмата, за да го проследат патот на месото.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет