Хуманитарни организации бараат пристап до Ракајн

Од:

Меѓународни хуманитарни организации во Мјанмар побараа од Владата да им овозможи пристап до државата Ракајн од каде што досега повеќе од 480.000 лица побегнаа во Бангладеш, но останаа стотици илјади во земјата, кои се без храна, засолниште и лекарска нега.

Меѓународните организации побараа од властите целосен, слободен, хуманитарен пристап до Ракајн.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска ќе го информира Советот за безбедност за насилството во Мјанмар, кое го опиша како етничко чистење, откако шест земји членки на Советот за безбедност побараа одржување седница.

Насилството во Мјанмар се случи на 25 август кога група бунтовници, припадници на Рохинџите, ги нападнаа полициските позиции во Мјанмар, на што безбедносните сили возвратија.

Стотици луѓе загинаа, а многу села се запалени.

Советот за безбедност, како што изјавуваат некои дипломати, би можел да усвои формална изјава доколку состојбата не се подобри, но дека е малку веројатно оти Кина и Русија ќе се согласат СБ повеќе да се ангажира преку усвојување резолуција, на која би можеле да стават и вето.

Мјанмар претходно соопшти дека преговарал со Кина и Русија да добие заштита во Советот за безбедност.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар