ХРВ: Во воздушните напади на проамериканската коалиција убиени и цивили

Од:

Во воздушните напади на проамериканската коалиција убиени се најмалку девет цивили во северозападна Сирија, соопшти денеска Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајт воч“ (ХРВ) и побара истрага за евентуалното кршење на законот за војување.

ХРВ се повикува на сведоштвото на тројца жители на сириското село Кафр Дерјан во покраината Идлиб. Тие преку скајп изјавиле дека „авионските ракети убиле најмалку двајца мажи, две жени и пет деца во вторникот“.

Организацијата признава дека тоа не се официјални информации и оти не може да го провери тврдењето на локалните жители.

– Американската Влада треба да ги испита евентуалните незаконски напади во кои се убиени цивили, јавно да извести за тоа и да се обврзе дека со соодветни мерки ќе обештети за грешките, посочува ХРВ.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски