Холандска влада: Специјалниот суд за Косово ќе биде во Хаг

Од:

Специјалниот суд за воени злосторства на Косово ќе биде воспоставен во Хаг, соопшти денеска холандската Влада.

Како што се наведува во соопштението објавено на сајтот на Владата, судот би требало да почне со работа во текот на оваа година.

Во соопштението се наведува дека процесите ќе се водат за „тешки злосторства кои наводно ги извршиле припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) врз етничките малцинства и политички противници 1999-2000 година“.

Се наведува дека холандската Влада со ова практично одговорила на барањата на ЕУ судот да биде на територијата на Холандија“.

– Некои делови од косовското општество можеби гледаат можни осомничени како борци за слобода и постои можност сведоците да се одмаздат на загрозеите на Косово. Поради тоа е разгледана можност за судење надвор од Косово, се прецизира во соопштението.

Холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс по тој повод нагласи дека е „важно правдата да биде задоволена“.

Кундерс и министерот за безбедност и правда Ард ван дер Стор наведоа дека Холандија верува оти има „посебна одговорност“ како земја домаќин на бројни меѓународни и други специјални кривични судови и трибунали“.

– Ова е добра можност да обезбедиме конечно задоволување на правдата и луѓето да ги повикаме на одговорност за злосторствата кои ги извршиле“, порача Ван дер Стор.

Судот ќе биде сместен во зградата каде што некогаш се наоѓал Европол.

Одлуката судот да биде во Хаг е донесена по консултации меѓу ЕУ, Косово и холандските власти.

Судот ќе се финансира од средства на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија