Хејли: САД остануваат ангажирани во мировниот процес на Блискиот Исток

Од:

Постојаната претставничка на САД во ОН, Ники Хејли изјави дека Вашингтон останува ангажиран во блискоисточниот мировен процес и покрај одлуката на Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

– Сфаќаме дека одлуката е тешка за разбирање за другите членови на меѓународната заедница, но нашите активности се насочени кон постигнување напредок во заложбите за мир. Ние сакаме постигнување договор преку преговори и господинот Трамп не формулира ставови за одделни територии или границите, рече Хејли во обраќањето на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН свикана поради одлуката на американскиот претседател за Ерусалим.

Според неа со оваа одлука не се менува статус квото на светите места во Ерусалим и дека САД не се обидуваат да наметнат никакви договори за нив. Хејли смета дека САД се уште имаат кредибилитет како посредник меѓу Израел и Палестина.

– САД се уште имаат кредибилитет на двете страни. Израел никогаш нема и никогаш не треба да биде изграден врз основа на договор на ОН или која била друга асоцијација на држави кои докажале дека не им е грижа за израелската безбедност, нагласи Хејли, додавајќи дека ОН со својата политика повеќе им нанеле штета, отколку корист на перспективите за мир на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува