Хашкото обвинителство побара одбивање на барањето за прекин на постапката против Младиќ

Од:

Обвинителството на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, денеска побара да биде одбиено барањето на адвокатите на пораншниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ, за прекин на постапката што се води портив него пред Хашкиот трибунал.

Како што јави Фена, Хашкото обвинителство смета дека нема основа за запирање на постапката против Младиќ и дека барањето на неговите адвокати е „неосонвано и само непотребно го троши времето и ресурсите на Судот“.

Адвокатите на Младиќ кон средината на минатиот месец побараа прекин на постапката против него пред Хашкиот трибунал поради „системска пристрасност“ или изземање на судиите Апфонс Ореиха и Кристофер Флаџ и на нивно место именување на „непристрасни судии“.

Одбраната бара и формирање на посебна работна група на ОН која во рок од три месеци би требало да подготви извештај за тоа дали биле почитувани правата на Младиќ за „чесно судење“ и дали е прекршена презумпцијата на невиност во неговиот случај. 

Адвокатите ваквото барање го темелат на тврдењето дека Ореиха и Флаџ, заедно со преседателот на Трибуналот, Кармел Агуис, уште претходно „донеле заклучоци за вината на Младиќ, со што е оневзоможено негово фер судење“.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска